Програма

Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ПРОГРАМА НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ПРОГРАМА за
Организациони и работни активности на
Грански НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

СОДРЖИНА

1. Вовед
Независниот синдикат за образование и наука својте програмски задачи
ќе ги остварува почитувајки ја правната и законска рамка во делот на:
Законот за работни односи, Законот за основно образование, Законот за
средно образование, Законот за високо образование, Законот на
инспектораторат, Законот на бирото за развој на образование.НСИ ќе
биде активен барател на измени и дополнувања на истите доколку се
утврди дека во практиката покжауваат одредени негативни показатели.
Независиниот синдикат за образование и наука (во понатамошниот текст
НСОН).
2. Глобални цели
– Обезбедување на бесплатна правна заштита на сите членови во НСОН
– Усогласување на социалното партнерство со потпишување на идните
колективни договори
– НСОН активно ќе се грижи за подобрување на животниот стандард на
вработените во образование и наука.
– НСОН активно ќе се грижи за подобрување на условите за работа и
здравствена заштита на вработените во образование и наука.
– Активно учество при донесувањето на закони, акти, правилници во
дејностите коишто ги покрива овој независен синдикат.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ПРОГРАМА НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
3. Конкретни (посебни) цели
– Изготвување на пропаганден и стручен материјал за активностите на
синдикатот.
– Формирање на организациони елементи и тела за синдикално
дејствување.
– Изготвување и склучување на договори за соработка со фирми и
претпријатија по предлог и потреба на членството.
– Синдикалната организација секогаш ќе се залага за усогласување на
личниот доход со републичкиот просек.
– Барања и поднесување предлози за зголемување на личните примања.
– Барање за отпочување на процес за примена на одредбата за годишен
регрес (К-15)
– Организирање обука на членовите според потребата во дејностите кој ги
опфаќа независниот синдикат.
– Детектирање на проблемите во делот на нормативите за кадар и
опременост на просторот каде што се реализираат работните задачи.
– Намалување до исклучување на влијанието на политиката во секој
сегмент на работата на кадарот и реализацијата на работните задачи.
– Право на учество на назначеното лице на синдикалната организација при
трансформација на работениот однос и при водење на дисциплински
постапки на членовите на синдикатот.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСОН
м-р Томислав Гиевски

———————————–
11.03.2018 год.
Скопје